Свети Трифун, заштитникот на лозарите, празник на виното, вчера беше одбележан и во близината на виничкото село Драгобраште, каде Драги Петров поседува површина од 12 хектари со лозови насади.
Лозјето, како што е обичајот, најпрвин беше закроено, а Петров за своите пријатели овозможи убаво дружење.
Со вино од неговата винарија, малку ракија и богата трпеза се чествуваше покровителот на лозарите.
Петров повеќе од петнаесет години е одгледувач на винова лоза, во 2021 година ја регистрирал својата винарија. Неговото вино е наградувано во Македонија и надвор од границите.
Смета дека виното кај нас неоправдано се запоставува. Вели – лозарството и производството на вино заслужуваат многу подобар третман !
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе