Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Седум души се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на експресниот пат Штип – Кочани.
Возилата на Итната помош пристигнале на местото на несреќата во близина на селото Чешиново и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата на кочанската болница, а некои од нив се препратени на клиниките во Штип и Скопје.
Од полицијата пак потврдија дека во сообраќајката засега има две загинати лица, но нивниот идентитет не е соопштен.
Според неофицијални информации во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила, „ Волксваген Голф“ со кочански, „Цитроен“ со винички и „Сеат“ со скопски регистарски ознаки.
Во моментот се присутни припадници на полицијата и се врши увид на местото на несреќата.