Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Веке подолг период околу десетина нерегистрирани возила се паркирани на бесплатниот паркинг на ул.” Стево Теодосиевски” и заземаат простор.
На истата улица на самиот булевар доколку се паркирате следи казна од околу 50€. Доколку најдете слободно паркинг место во градот за 1ч. се наплатува 20ден., во спротивно следи блокатор.
Сите знаеме колкав метеж е во градот и како тешко се наоѓа слободно паркинг место.
Кој дозволува веќе цела година овие нерегистрирани возила да се паркирани по 24часа и зафаќаат простор?
За тоа постојат авто плацеви и се плаќаат давачки!
Некој си прави бизнис, некој си плаќа казни…
Ана Ангелова, нејзиното писмо го добивме по електронски пат