Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Возачките и сообраќајните дозволи од утре бесплатно
Од утре граѓаните нема да плаќаат за вадење возачка дозвола и сообраќајна дозвола со новото уставно име. Бесплатни ќе бидат и патните налози на граѓаните кои се надвор од државата а треба да дојдат за вадење лични документи. Во државите каде немаме дипломатски претставништва, вадењето патни налози ќе се врши онлајн и ќе се доставуваат по пошта. Ова се трите одлуки кои ги усвои владата на денешната седница а најавија и награди за службите кои се ангажирани за вадење документи.
Но што ќе се случи со граѓаните кои веќе извадиле документи и платиле за нив? Вицепремиерот Фатмир Битиќи признава дека се дискриминирани и вели дека ќе се најде решение.
Инаку налепниците за регистарските таблички требаше да чинат од 30 до 50 денари но МВР одлучи и тие да бидат бесплатни. Менувањето на сообраќајните дозволи е доплнителен трошок за граѓаните кој ќе изнесува 1200 денари.