Радио Кочани
Кочани

Од утре започнува дистрибуцијата на налепниците со „НМК“ до техничките прегледи

1,952

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Како што изјави Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните да ги чини од 30 до 50 денари.

 

 

Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Според димензиите, МВР по различна цена ги набавува налепниците. Па така за налепница со димензија 99×42 МВР плаќа 35 денари, за налепниците со димензии 85×40 милиметри цената е 41 денар, налепниците со димензии 63×37 милиметри чинат 35 денари и налепниците со најмала димензија изнесува 29,5 денари за две налепници.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio