Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Амфенол Технолоџи Македонија и во 2024 г. останува една од најголемите компании во регионот и најатрактивна средина за вработување. Во своите 8 (осум) Бизнис Единици, АТМ има околу 3000 вработени, а и во иднина вработувањата продолжуваат со несмалена динамика.
На огласите за оператори во производство, но и техничари, инженери, менаџери и други високостручни кадри, аплицираат млади луѓе, но и лица со долгогодишно работно искуство, како од државни институции, така и од други фирми во Кочани и поширокиот регион.
Во Амфенол имаат поголеми плати, но и можност за напредување и градење успешни кариери. Најатрактивни за кандидатите кои аплицираат за работа во Амфенол, се бројните поволни услови кои компанијата ги обезбедува за вработените. Најголем е интересот за приватното здравство кое АТМ го плаќа за сите свои вработени и што е голем бенефит, како и сигурната и редовна плата, додатоци и бонуси, ваучери за вработените и нивните деца, грижата за безбедноста на вработените и нивното здравје и одличните услови за работа. 2024 година Амфенол ја започна со ново покачување на платите на сите вработени.
Во континуитет се прават напори и се имаат во предвид сите промени во севкупната економска состојба во државата, за да се одговори навремено на финансиските потреби на вработените и нивните семејства. Покрај зголемувањето на платите што континуирано се прави, продолжува и приватното здравство и другите бенефити, а Амфенол најавува отварање и на нов производствен погон во Кочани. Имено, во март месец ќе почне со работа и деветтата по ред Бизнис Единица на Амфенол Технолоџи Македонија – Bernd Richter GmbH.
Во новиот погон ќе се произведуваат кабли за медицинска опрема, со што Амфенол освен во автомобилската индустрија, телекомуникациските и електро системи, влегува и во нова област и го потврдува својот диверзитет и разноликост во дејноста, што е една од најголемите предности на компанијата.
Имајќи го предвид досегашниот брз раст на Амфенол Технолоџи Македонија, од оваа компанија и во иднина може да се очекуваат само добри вести, нови работни места и проекти кои се од значење за целиот регион.