Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Коалицијата за заштита на децата и здружението на родители „Родителски фронт“ испраќа покана до сите граѓани на Кочани да присуствуваат на бесплатна инфо сесија на која подетално ќе се запознаат со родовата идеологија и сеопфатното сексуално образование што се наметнува во училиштата.
Секој родител има право да знае и да донесе информирана одлука што ќе го учат неговото дете во образовните институции. Ова е инфо сесија на која ќе може да се вклучите во разговор, да поставувате прашања и да споделите свои искуства.
Инфо сесиите веќе успешно поминаа во Пробиштип, Ново Село, Струмица, Кавадарци, а сега на ред е и Кочани.
Поканата е отворена за сите. Ве очекуваме во голем број на ден 03.02.2024 година, сабота, со почеток од 17:00 часот во Мултикултурниот центар во Кочани!
#ЗаНашитеДеца