Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во интерес на сите граѓани и посетители на општина Зрновци започнуваме постапка за избор на економски оператор за реализација на проекти :
Изградба на тротоар во Зрновци на ул. “Илинденска” во должина од 1600 метри.
Изградба на Зафат-армирано бетонска преграда на Морошка река во село Мородвис.
Изградба на Резервоар за водоснабдување од 60 кубика во село Видовиште.
Согласно Програмите за работа на Локалната самоуправа, Планот за јавни набавки и Одлуката на совет на општина Зрновци за обезбедени сретства од сопствен буџет во висина од околу 9 милиони денари, по завршување на постапката за избор на изведувач, започнуваме веднаш со реализација на наведените проекти за доброто на сите граѓани и посетители на општина Зрновци !
Општина Зрновци