Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Расчистени тешки кражби во Кочани, одземеното вратено на сопствениците
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29.01.2024 на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичара, од каде се одземени разни предмети и пари, соопшти МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.