Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
AМФЕНОЛ ВРАБОТУВА…
Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место
Одговорен во логистика – во производна единица Bernd Richter GmbH
Опис на работни задачи и одговорности:
- Организација на SCM и соработка со царина
- Воведување и имплементација на процесни оптимизации во одделот за логистика во компанијата
- Финализирање на сите задачи поврзани со превозот и активности поврзани со увози и извоз на материјали и готов производ
- Дополнителни специфични барања на клиентите (етикети, BPZ, итн.) и пуштање на финален производ ( налог / план за производство)
- Придржување, следење и ажурирање на сите специфични барања на клиенти/купувачи
- Изготвување на соодветни работни упатства за процедурите во одделот логистика
- Комуникација со транспортери и добавувачи ( внатрешни и надворешни)
- Следење на состојба на залихи на материјали и компоненти
- Изготвување на дневни, неделни и месечни извештаи
- Потврда на време на испорака
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Транспорт, Шпедиција, Економски .
- Претходно работно искусво во логистика, транспорт, шпедиција
- Познавање на работа со компјутер, MS Office
- Одлично познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)
- Одлични комуникациски вештини и лидерски способности
- Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 31.01.2024 год. по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во просториите на фабриките. Задолжително ставете назнака:
Одговорен во логистика – Bernd Richter GmbH
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.