Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Отворени шахти и сливници зјаат oколу спомен домот „Асном“, затоа што капаците и решетките им биле украдени од „непознати“ сторители и потоа завршуваат како старо железо во некој откупен пункт. Меѓутоа, од отпадите тврдат дека не откупуваат капаци од шахти или решетки за сливници, бидејќи се работи за општествен имот. Оттука е дилемата кај граѓаните – ако капаци и решетки се крадат, а од отпадите тврдат дека тие не ги откупуваат, тогаш каде завршуваат украдените работи? Можеби се складираат по шупи и дворови и чекаат погоден момент да бидат продадени!
Кој било може сериозно да настрада и да добие некаква скршеница при движење околу оваа локација .
Вакви посериозни случаи имало, а граѓаните, иако оштетени, не знаеле кого да обвинат. Телесни повреди може да се случат, но фатално ќе биде ако некој заврши со смртни последици особено во ваква шахта на која дури и дното не и се гледа.
Апелираме до надлежните да ги покријат отворените шахти и сливници додека некој посериозно не настрадал !
Д.Михајлов