Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Виничанец крадел во Куманово, полицијата го фати…
На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје. Тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопшти МВР.