Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
За прв пат во Кочани Nebojani Trail – 21 Јануари (недела)
Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ за прв пат во Кочани организира ревиален натпревар во брзо одење со планинарски стапчиња и натпревар во планинско трчање.
Патеката е во должина од 18 км со висинско искачување од 900 метри.
Стартот е од с. Крушка кај продавницата „ Три Багреми“ со почеток од 09 часот. Потребно е натпреварувачите да пристигнат половина час порано.
Nebojani Trail ќе се одржи в недела на 21 Јануари.
Обезбеден е ручек и пијалоци за сите натпреварувачи и посетители и целодневна забава со DJ.
Котизација за учесниците на трката – 200 денари.