Радио Кочани
Кочани

И годинава во кочанската населба „Трајаново Трло“ традиционално се чествуваше Василица

3,248

Иницијативниот одбор за организација на Василичарскиот оган кај манастирот „Св.Димитриј“ во населбата „Трајаново Трло“  во Koчани и оваа година традиционално го организираше овој убав настан во знак на чествување на нашиот христијански и православен празник Василица.

 

 

Мештаните од населбата, кај Манастирот „Св.Димитриј“ со повеќе од 70 фамилии се собраа околу василичарскиот оган, со греана ракија, вино, мезе и музика во живо весело ја започнаа Православната Нова Година.

Инаку за Василица многу друштва си ја негуваат традицијата на дружење, споделувајќи заеднички моменти долги години.

За што и да се одлучивте, имајте среќни празнични мигови.

За многу години!

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio