Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани фудбалерите на„Осогово“ ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната со крајна цел – зачувување на второлигашкиот статус.
На теренот на „Мантов“ вчера истрчаа седумнаесет фудбалери со кои работеа тренерите Даниел Гоцевски и Јоже Јованов. Се очекува пристигнувањето на шефот на стручниот штаб, Добринко Илиевски, после што ќе се знае што ќе се случува во врска со доведување засилувања.
Подготовките во целост ќе се довиваат во Кочани, а одигрувањето на првиот подготвител натпревар е закакажано за следниот викенд. Во Гевгелија „жолто-сините“ ќе се сретната со екипата на „Кожув“.