Радио Кочани
Кочани

(видео) Бојана е првото новородено бебе во Кочани во 2024 – та

876
Вчера, 3 јануари, Кочани го доби првото новороденче во новата 2024 година – женско бебе, кое веќе го носи името Бојана. На мајката Емилија Постолова, жител на Кочани,  Бојана и е трето дете, прво женско. Веќе има две момчиња. Бојана е нормално породена без никакви потешкотии, информираше гинекологот во кочанската Општа болница, Илчо Атанасовски.

Директорката на Општата болница во Кочани, Душанка Ѓоргиева Трпевски, денеска на средбата со новинарите го пофали персоналот од гинеколошко – акушерското одделение за професионалноста при породувањето на малата Бојана.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазовја ја продолжи традицијата – ги посети мајката и нејзиното новороденче. Им врачи подароци и им посака среќа и добро здравје. Истовремено, тој им ја честиташе првата рожба на семејството Постолови од Кочани, синчето Јаков Постолов, роден на 1 јануари во приватната болница во Скопје.
Во измината 2023 година во Болницата во Кочани се извршени 35 породување, доста помалку отколку во 2022 година, што е резултат на повеќе објективни фактори, кои не се карактеристика само за нашата општина. Во моментов кочанската болоница располага со само еден гинеколог. До крајот на 2024 ќе има уште троца, кои во моментов ја завршуваат специјализацијата.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio