Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Kочанчани ја доживеаја најубавата новогодишна приказна
Вчеравечер Kочанчани ја доживеаја најубавата новогодишна приказна.
Во текот на целиот ден во градскиот парк владееше новогодишна еуфорија, со многу музика, танцување, аплаузи и насмевки.
Забавата започна со неверојатна енергија со настапот на Андријана Јаневска, потоа публиката уживаше во интерпретацијата на Бојана Скендеровски , а дувачките оркестри и диџеите ја вжештија атмосферата.
Андријана Јаневска и Бојана Скендеровски одбројуваа заедно со публиката и на кочанчани први им ја честитаа Новата година.
Во 00:00 градот на оризот ја дочека 2024-та година со насмеани и среќни посетители.
Д.Михајлов