Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Изминува уште една година за некого успешна, за некои вообичаена, а други пак се незадоволни од текот на настаните изминативе 365 дена.
Но, едно е сигурно. Сите без исклучок се надеваат на среќна и успешна Нова 2024 година, исполнета со многу љубов, здравје и благосостојба.
Што се однесува на професионален план, Радио Кочани беше помеѓу вас 52 седмици, по 7 дена во неделата, по 24 часа на ден. Непрекинато одбрана музика за сите вкусови и информации за се што се случило во Источниот регион. Ги следевме модерните трендови и најновите технолошки достигнувања, па освен во аудио, настаните ги пренесувавме и видео формат.
Сето тоа благодарение на нашите долгогодишни пријатели и спонзори, кои и покрај кризата и неповолните деловни текови, беа со нас непрекинато, а верувајте ги имаше многу – или поточно толку, колку што беше потребно да ги покриваме сите трошоци потребни за континуирано и непречено работење.
На крајот, годината ја завршуваме со вообичаените честитки, желби и пораки за среќна и успешна Нова 2024 година и празниците што следуваат, од повеќе од 100 тина наши успешни коминтенти. Во просек според статистиката месечно имавме по 680 000 слушатели, гледачи и читатели – подржувачи на Радио Кочани, медиум и бренд кој се бори да опстои на овие простори цели 69 години.
Благодарни сме на вашата подршка и љубов во текот на целата оваа година која изминува. Посакуваме уште многу години пријателство, заслужувате се најдобро, нека ви се остварат сите желби!
Новата година е нов почеток, нека ви се исполнат сите соништа. Бидете среќни и веселете се за она што доаѓа. На полноќ кога стрелките ќе се поклопат, посакајте си многу здравје, љубов, среќа и мир !
СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА !!!