Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Драги Трајчев, синоќа во МКЦ, ја промовираше својата стихозбирка “Патување“, која содржи 68 песни во кои превладува духовниот дел од неговата личност.
Стихови читаа пријатели на Трајчев – поети, беа испеани повеќе православни духовни песни, настапија ученици од ООУ „Ристо Јуруков“, а момчиња и девојчиња од СОУ „Љупчо Сантов“ ја исполнија песната компонирана од Тоше Филипов, „Кочани – граду мој“.
„Пораката на вечерашната промоција е таа – најпотребно нешто во животот е Божјата помош“, рече синоќа од сцената во МКЦ, авторот на „Патување“, Драги Трајчев.
Во неговиот не толку обемен авторски опус влегуваат четири радио-драми за деца, текст за театарска претстава и повеќе песни објавени во периодот додека студирал на Правниот факултет при УКИМ во Скопје.
Стихозбирката „Патување“ е отпечатена во печатницата „Европа 92“, а рецензент е Аника Илијевска Ѓоргиева.