Радио Кочани
Кочани

Декемвриска крводарителска акција – собрани 49 крвни единици

299
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа последната крводарителска акција за граѓанството во 2023 год.

На акцијата крв даруваа 49 крводарители од кои 15  лица до 30 годишна возраст и пет првократни дарители. Акцијата е 19–та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
-Годината ја завршуваме со собрани  над 1000 крвни единици  што е задоволителна бројка. Реализиравме вкупно 19 крводарителски акции. Во 2024 година според Годишниот план за крводарување предвидени се исто  19 акции, 12 редовни во Црвен крст Кочани, 3 во Полициската станица, две младински крводарителски акции и две акции во приватниот сектор. Ја користиме приликата како Црвен крст да им се заблагодариме на дарителите, да им посакаме здравје во Новата година за да може да даруваат и во годината што доаѓа, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Декемвриската акција во Црвен крст Кочани беше своевиден рекорд во тековната година како месец и акција со собрани најголем број крвни единици.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio