Радио Кочани
Кочани

Кочанчанка измамила двајца тетовци дека за пари ќе им обезбеди бугарски пасоши

2,391

риесет и осумгодишниот тетовец, вчера, во 14.10 часот, во СВР Тетово пријавил дека минатата година стапил во контакт со женско лице од Кочани, кое му ветило дека за одреден паричен надоместок ќе му обезбеди бугарски документи, извести СВР Тетово.

„До пријавувањето лицето не му ги обезбедило документите, ниту му ги вратило добиените 29.300 денари. Истото лице, поради сомнение за иста измама, вчера било пријавено и од 36-годишен жител на тетовско Глоѓи, кој за таа цел ѝ платил 25.800 денари“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio