Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почна претпразничната кампања „Вози безбедно – патувај одговорно“
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со ОВР Кочани и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“, под мотото ,,Вози одговорно, патувај безбедно“, ја започна новогодишната кампања за среќна и безбедна 2024 година.
Учениците од сообраќајната струка, заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани, делеа летоци со едукативна содржина, како потсетување на возачите за важноста на почитувањето на правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници. Посебен акцент беше ставен на пораката: „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј алкохол“.
Целта на оваа кампања е да се апелира за одговорно учество во сообраќајот и внимателно возење за време на новогодишните празници, за поголема сообраќајна култура, почитување на сите учесници во сообраќајот и издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво за среќна и безбедна 2024 година.