Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Со цел да се избегне создавање сообраќаен метеж на Пониква во претстојниот празничен период, Општина Кочани врши навремени подготовки за пристапност до Спортско-рекреативниот центар, угостителските и туристичките објекти на Пониква.
За таа цел се одржаа неколку состаноци со Територијалната противпожарна единица, Доброволното противпожарно друштво – Кочани, претставници на Одделението за внатрешни работи – Кочани, ски-школи и со сопственици на викендички на Осоговските Планини, на кои е договорено координирано дејствување на службите. Определени се начинот и локациите за паркирање за непречен проток на возилата, со нагласување за почитување на редот и сообраќајните правила во зимски услови.
Општина Кочани апелира посетителите на Пониква да се однесуваат внимателно и претпазливо во сообраќајот, со што ќе се избегнат непријатностите и блокадите на движењето во зимски услови.