Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Печатницата ЕВРОПА 92 е печатарско-графички бренд кој успешно се носи со европската конкуренција. Сето тоа благодарение на визионерските потези и инвестиции и следејки ги во чекор современите текови во графичката индустрија. Така се создаде респектибилен производствено-административен простор од 8500 м2 , а растеше и бројот на вработени.
Во ЕВРОПА 92 работникот е на прво место, а грижата за него е постојана. Таквата определба се потврдува со организирање стручна обука на нововработените лица, кои се оспособуват и се стекнуват со напредни квалификации за современите барања на графичката и печатарската индустрија, бидејќи само така се гарантира одржливост на долгорочен план. Во овој се повеќе дигитален свет, професионалниот начин на комуникација со потенцијалните и редовни клиенти.
Како резултат на сето ова, ЕВРОПА 92 има континуиран раст на производството, како финансиски така и материјално. Порастот е континуиран во последните пет години и е со стапка на раст од над 20%. Голем дел од производството е за домашниот пазар, но значаен дел е наменет и за извоз. Во последните години направен е пробив во земјите на Европската Унија меѓу кои Германија, Грција и Бугарија, како и постојан извоз во земјите од соседството. Гаранција за успешно извршената работа се производствените капацитети со најсовремена графичка опрема, тим од врвно обучен кадар и примена на ISO стандардите.
Најавена е нова поголема инвестиција со автоматско-роботски печатарски машини за идната 2024 година, што е прв ваков проект во нашата земја и пошироко на Балканот, за што Радио Кочани навремено ќе информира.