Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По одлука на Советот на Општина Кочани, денеска е конституиран Локалниот совет за превенција во Општина Кочани.
Целта на Локалниот совет за превенција е формирање заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Кочани, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов во своето обраќање пред присутните ја потенцираше важноста на ова тело и потребата да работи на препознавање на ризиците и превентивно дејствување. Телото коешто брои четириесетина членови, ќе функционира по потреба, превентивно, со мали работни групи: за превенција од малолетничко престапништво; заштита на животната средина; за безбедност во сообраќајот; безбедност од пожари и елементарни непогоди; за превенција од криминал, заштита на животот и имотот на граѓаните…
На конститутивната седница, членови на телото издвоија дел од приоритетите на кои треба итно да се дејствува заради подобрување на општата состојба на локалниот јавен ред и мир, а изнесоа и предлози за пофункционално и поефикасно работење на ова тело.