Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Триесет студенти од Кочани добитници на Општинската стипендија за акадамската 2023/24 година денеска ги потпишаа договорите за стипендирање. Тие ќе добиваат по три илади денари во наредните 10 месеци.
Според Конкурсот, право на стипендија имаат само студенти на државните универзитет. Се пријавиле 34 студенти, 30 ја добија општинската стипендијата.
Идните академски граѓани ги поздрави и им посака успех во студирањето, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.