Веќе завршивме со целосна реконструкција на големата (сината) сала, со замена на седиштата, проширување и адаптирање на бината, замена на подот и поставување на ново осветлување.
Се реновираа тоалетите, гардеробите, канцелариските и другите помошни простории. Исто така се изврши целосна реконструкција на фоајето, како и кровната површина над фоајето пред влезот во салата.
Овие активности се дел од Договорот кој го склучивме на 31.03.2023 година заедно со Центарот за развој на Источен плански регион и Свеат Инвест ДОО Скопје.
Вредноста на овој проект е 14,8 милиони денари, од кои 11,3 милиони се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година и 3,5 милиони денари учество на Општина Виница.
Наскоро ќе започнеме и со инсталирање на нов систем за ладење и греење чиешто финансирање во целост ќе биде обврска на Општина Виница, наведено е во фејсбук статус на градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе