Во Национална установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани на ден 11.12.2023 година- в понеделник, Ве покануваме да ги проследите делата од самостојната изложба на Боре Митовски
11.12.2023 година
Салон фоаје 2
Отворање 19 часот
Сликите на Боре Митовски се изградени композиции во стилот нанадреализмот, кубизмот и експресионизмот. Тој во неговите слики на пејсажи и мртви природи гради еден оргинален свет на геометриски форми исполнети со жив колорит на бои. Неговата слика како силна конструкција ја гради со цртеж и разиграни строги линии кои градат одредена перспектива и влез во друга димензија. Геометриските плохи се исполнети со комплементарни бои кои дават експресивност и виталност во сликата. Уметничката слобода, креативност и фантазија гради посебни некои простори со урбани и природни пејсажи блиски до македонската традиција и фолклор со асоцијација на македонските везови и декорации на народните носии ,но со ликовен модерен сензибилитет .Неговиот пристап во сликарството е блиско до витражот поради неговата раскошност и призрачностОд ликовните елементи тој ги применува линијата ,формата, комплементарните бои ,текстурата и мелодичниот ритам кој е во едниство со просторот и формите.Неговите слики го имат медитеранскиот динамичен дух ,но сепак стилизиран во некој рационален бароктен ред и смиреност .Обидот да прави тридимензионални форми создава илузија на рељефност на сликата.Со овој циклус на слики тој остава впецаток на креативен и сериозен сликар кај кого има потенцијал за интересен креативен ликовен и естетски развој.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе