Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
„Ова е голем чекор за нашето училиште, затоа што ние како стручен тим добивме инструмент и алатки со кои ќе можеме да ги работиме индивидуалните третмани со учениците со образовни потешкотии. Ресурсната соба е опремена со различни реквизити, моторни, сензорни, дидактички и асистивни кои нудат стимулација на сите сетила и со нивно користење ќе ја подобруваме сензорната дисфункција кај децата, која што многу придонесува за нивното функционирање во училница, или надвор од училиште“, информираше Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.