Радио Кочани
Кочани

НОВО ЛОГО, НОВА БЕВ-СТРАНИЦА „МЕГАВИН.МК“, МЕГАКОНЦЕРТ, ДОНАЦИИ, НАГРАДИ И ПОДАРОЦИ, ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ОДБЕЛЕЖА 15-ГОДИШНИНА И НАЈАВИ НОВА СТРАТЕГИЈА

471

Државна лотарија − нова, свежа, динамична, позабавна, поблиску до народот, иновативна, со поголема и поразновидна понуда на игри на среќа и видови добивки, поактивен член на заедницата, поголема поддршка на општеството, цврста во ставот за промоција и заштита на одговорно и контролирано приредување игри на среќа − тоа е новата Државна лотарија, со нов слоган: СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Тому оваа слика беше претставена и преку низата активности коишто Државна лотарија ги пласираше во месец ноември, крунисани со мегаконцертот „МЕГАСТАРС“, на којшто Компанијата ги промовираше своите нови корпоративен симбол и слоган. Марјана Станојковска, Игор Џамбазов, Миа и Мартин 99, вешто нè водеа низ овој тричасовен забавен, комплесен, емотивен настан полн со содржина и изненадувања.

Нурнавме во секвенции од историјата на Државна лотарија, основана точно на 17 декември 2008 година, откривме рецепти за среќа на некои од добитниците на досегашните 27 седумки на Лото и на сопствениците на дел од досега доделените над 220 возила, коишто наредени едноподруго би направиле километар долга колона од среќно „изгребани“ возила. Дознавме за историјат, но и за иднина, којашто е возбудлива, иновативна, динамична. Забавната и емотивна атмосфера ја држеа на високо ниво извонредните пејачки имиња, со коишто присутните во салата ги пееја едногласно добропознатите на многумина омилени рефрени од 90-тите.

Моментот на објавување на новите лого и слоган беше симболички проследен со црвени балони што паѓаа „од небо“ и се разлетаа насекаде, по што Државна лотарија ја потврди својата мисија за општествена одговорност со донација на Црвен крст од 1 000 000 денари за помош на социјално загрозените лица од трето доба, и донација од 2 500 000 денари за Клиниката Козле за помош во справувањето со сè почестите заболувања кај децата во зимскиот период. Претставници на Црвен крст и на Клиниката Козле потврдија дека ова не е прва, но е досега најголема еднократна донација, изразувајќи благодарност за отвореноста на Компанијата за поддршка, како соработник и пријател. Во рамките на настанот беше официјално се реализираше и извлекувањето на наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“, по што страната www.megawin.mk беше и официјално отворена за игра.


Досетливите коментари на Миа и Мартин 99 и нивните разговори со мегаѕвездите во „зелената соба“ ја воодушевуваа публиката и му даваа една поинаква, светска „мегаѕвездена“ димензија на настанот. Четирите музички блока, блоковите со извлекување награди, водителските најави на Марјана и Игор, разговорите во „зелената соба“, сесиите на диџејот, видеоанимациите, сценографијата, светлосните и пиротехнички ефекти, големиот балон на возух пред салата и целосната сценографијата од спотот за наградната игра со заедно со возилото – премија, како и обмислените детали со коишто изобилуваше овој настан, дадоа едно комплетно уживање на публиката сочинета од дел од регистрираните учесници на новата интернет-платформа www.megawin.mk на Државна лотарија во чест на чиешто отворање беше приредена наградната игра којашто траеше од 18 до 29 ноември, во кој период сите регистрирани добија подарок и онлајн влезница за концертот „МЕГАСТАРС“.

На сцената покрај којашто беше сместена четворочлената комисија, со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор, од сериските броеви на онлајн влезниците на регистрираните учесници, се извлекоа добитниците на: 10 гејминг лаптопи Lenovo; 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW. Пријатно изненадување беше големиот интерес за регистрации − од сите краишта на земјата коишто за жал заради оддалеченоста не беа во можност да присуствуваат на концертот, а што се отслика во нецелосно исполентата сала. Од друга страна, добивме извонредно богата шаренолика слика на добитници од: Демир Хисар, Штип, Тетово, Кочани, Гостивар, Берово, Куманово, Новаци, Македонски Брод, Старо Нагоричани, Кривогаштани, Битола и од скопските општини Илинден, Центар, Бутел, Кисела вода и Гази Баба. Добитникот на премијата автомобил BMW, го контактиравме телефонски од сцена и можевме да ја слушнеме неговата збунетост и неверување.

Наскоро ќе го запознаеме и ќе дознаеме повеќе за среќниот сопственик на нов автомобил BMW од првата наградна игра на Мегавин.мк на Државна лотарија, а со нетрпение очекуваме да ги запознаеме и останатите 25 добитници на другите вредни награди и да ви ги претставиме. Настанот „МЕГАСТАРС“ со многубројните сегменти и полнотијата од содржина и детали беше извонредно организиран, и беше вистинско уживање и за гостите и за изведувачите и за домаќините. Ќе има недоброј прекрасни мигови за споделување до следната средба.


Новиот симбол на Државна лотарија – калинка, на овие простори е традиционален симбол за среќа и благодат; тоа е плод којшто асоцира на радост, свежина, надеж, а ако се погледне поинаку − топче е со круна. Недвојбено, ова е вистинскит симбол којшто ја одразува и дејноста на компанијата и нејзината нова стратегија којашто ќе донесе уште повеќе благодат за сите бидејќи СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ!

Со почит,
Државна лотарија

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio