Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Изложбата „Карикатури“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „IN VINICA VERITAS“ – денеска беше отворена во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.
Пред љубителките на овој вид на уметност во салонот „Фоаје 2“ свое обраќање имаа Александра Димитрова , стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн во кочанската Национална установа и Благица Стојанова, директор на ДК „Тошо Арсов“ од Виница.
Како што беше истакнато на изложбата се поставени 50 карикатури од годинешниот XV Меѓународен фестивал за хумор и сатира „ IN VINICA VERITAS“ на кој учествуваа уметници – карикатуристи од 48 земјо од светот со вкупно 622 карикатури.
Кочани е првиот град во Македонија каде што е поставена изложбата и кај нас ќе биде достапна да се посети до 7 – ми овој месец.