Радио Кочани
Кочани

Младинска крводарителска акција

292
Црвен крст  – Општинска организација Кочани денеска во малата сала во СОУ „Љупчо Сантов“ организираше младинска крводарителска акција.
На акцијата крв даруваа 10 лица од кои 7 првократни дарители, ученици и вработени во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, студенти и млади лица и истата се спроведе во соработка со екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Целта на акцијата е промовирање на крводарителството кај младата популација и стимулирање на младите лица активно да се вклучат во обезбедувањето на доволно количество на крвни резерви во заедницата.
Црвен крст – Кочани упатува благодарност до сите крводарители и волонтери кои дадоа свој придонес во реализација на крводарителската акција.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio