Радио Кочани
Кочани

Свети Архангел Михаил кај Стришанската чешма – Кум за следната 2024 година е Димче Андонов (ВИДЕО)

1,634

Жителите на една од најстарите населби во Кочани, Стришани, ја продолжуваат децениската традиција. И денеска со црковно – народен собир го одбележаа православниот празник свети Архангел Михаил, кого го сметаат за свој заштитник.


Се собраа кај чешмата во Стришани во чест на својот светител. Со свeчената литургија чиноначалствуваше свештеник од црквата во Кочани ” Св. Великомаченик Ѓорги”

После кршењето на славскиот колач кумството за следната 2024 година го прифати Димче Андонов, кој исто така како и овогодишниот кум, Влатко Симеонов, потекнува од старо стришанско семејство.

На сите православни верници во Кочани и посебно на стришанчани, Радио Кочани им го честита свети Архангел Михаил. Празникот нека е вечен !

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio