Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Учениците од СОУ ” Љупчо Сантов” од Кочани донесоа убави впечатоци од престојот во Парлментот на ЕУ во Стразбур, каде заминаа како единствено училиште од Македонија, држава што не е членка на Унијата. Тие го посетија ЕУ – парламентот преку неговата програма – Еуроскола.
Во Стразбур, кочанската Гимназија со економски паралелки отпатува со бројна екипа составена од 24 ученика, кои за своите знаења добија признанија, а нивниот професор, Александар Михајлов, е прогласен за најуспешен ментор меѓу неговите колеги од повеќе училишта од 27 – те земји членки на ЕУ.
Учениците од СОУ “Љупчо Сантов” преку Еуроскола беа во ЕУ парламентот во Стразбур од 15-ти до 17-ти овој месец. Во Кочани се вратија со нови искуства, знаења и награди за успешност.