На Пониква вчера се одржа последната работилница од проектот „Грижа за биодиверзитетот на Осоговските Планини“ што го реализираше ЗГ „Грин – ОРГ“ од Кочани.
Во текот на изминатите две недели беа организирани шест едукативни работилници на кои учествуваа повеќе од стотина ученици од основни и средни училишта од Општина Кочани и од Скопје.
При тоа, учесниците стекнаа знаења од областа на екологијата, разговараа за разновидноста на животинскиот и растителниот свет застапен на Осоговските Планини, научија што претставува Архуската конвенција.
Проектот „Грижа за биодиверзитетот на Осоговските Планини се реализираше преку Програмата за механизам за граѓанска отпорност (МГО) и е финансиран од ЕУ.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе