Радио Кочани
Кочани

ОД 15 НОЕМВРИ СТАРТУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Казна од 45 евра ако немате зимски гуми или синџири

1,300

Од 15 ноември кога ќе го управувате автомобилот, особено на отворен пат можно е да бидете сопрени од полицијата и да провери дали ги имате овие работи во возилото. Ќе морате да поседувате зимска опрема во возилото, која е задолжителна до 15 март 2024 година. И се разбира за непочитување на оваа одлука можете да бидете казнети. Според Законот, мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде на оној што нема да ја почитуваа ова одлука.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбираат · зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; · пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира: · зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; · пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми се подразбираат зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимски пневматици се оние пневматици кои имаат ознака „MS”,„M+S”, „M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови. Во согласност со Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio