Радио Кочани
Кочани

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полицијa !

16,452

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна. Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена количина е до 0,5 промили.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ ја потврдија информацијата дека најпијаниот возач бил од Кочани. Од таму велат дека согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата полицискиот службеник на самото место привремено ќе го исклучи од сообраќај и ќе му ја одземе возачката дозвола на возачот, кај кого ќе утврди дека во организмот има алкохол или дека покажува знаци на алкохолно растројство, како и кон возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio