Во Месецот на книгата, во ЈОУБ ,,Искра”, во соработка со НУ Универзитетска Библиотека ,,Гоце Делчев” – Штип, по повод 100 години од раѓањето на великанот Ацо Шопов, се реализира проектната активност ,,Ацо Шопов-вечен поет во градот под Исарот”, поддржана од Министерството за култура.
Свое обраќање имаше директорката на НУ-УБ ,,Гоце Делчев”- Штип, Ивана Стојанова. Библиотекар Соња Манева говореше за активностите во рамнките на Манифестацијата ,,Денови на Шопов” која се реализира седма година по ред, а библиотекар Тодор Џидров говореше за Роднокрајното одделение при НУ-УБ ,,Гоце Делчев”-Штип, кое го носи името Ацо Шопов.
Проф. д-р Јованка Денкова, професор на Катедрата по македонски јазик и книжевност-Филолошки факултет при УГД ,,Гоце Делчев” – Штип, даде стручен и интересен осврт кон ликот и делото на великанот Шопов.
Во рамките на проектот, беше прикажана и презентација посветена на поетот, изработена од Антонела Митева, ученик од ПСУ ,,Саба” Штип.
Настанот го отворија, и во текот на истиот, презентираа поетски творби напишани од великанот Ацо Шопов, ученици од СОУ ,,Ѓошо Викентиев” – Кочани, подготвени од нивниот ментор проф. д-р Марија Соколова.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе