Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Караванот на ЛДП „Секој е важен! Овде и сега!“ ги посети жителите на општина Кочани каде ги слушнавме предлозите и идејни решенија за проблемите со кои се соочуваат.
Покачување на пензиите на пензионерите, изградба на клинички центар, реформи во образовните програми, вклучување на младите во креирање на локалните политики, искористување на геотермалните води и изградба на бања и затворен базен, субвенционирање на земјоделците, реконструкција на училиштата, изградба на спортски терени и игралишта, пошумување на голите ридови, казни за компаниите кој ја загадуваат цела Кочанска котлина и решение за депонијата на Осогово се дел од барањата на Кочанчани.
Сите мислења и предлози се ВАЖНИ за нас како политичка партија. Секој глас мора да биде слушнат и уважен.
Секоја идеја може да доведе до општествена промена.
Сите граѓани може да ја предложат својата иницијатива преку нашата веб-страница: https://ldp.mk/sekoj-e-vazen/