Моментално имаме потреба од ново вработени лица за работно место
Техничар за одржување
Одговорности и задачи:
- Поправка и одржување на машините во производсво
- Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба)
- Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата
- Извршување на превентивни активности и проверка дали истите се направени
- Ефикасна и фер соработка со останатите сектори
- Задолжителна тимска работа
- Да се обезбеди бараната функционалност на опремата
- Примање и пренесување нови знаења, за себе и за ново вработените
- Брза дијагностика на дефектите
- Застои во производството сведени на минимум
- Комуникација и координација со лидерот на смена
- Координација и известување на лидерот на смена во случај на подолг застој
- Извршување на превентивно одржување
- Водење на грижа за резервните делови и известување до магационер доколку нешто не е во ред
- Почитување на безбедносните инструккции при работа со опремата
- Користење на заштитна опрема каде што е пропишано
- Исполнување на техничките барања и работење според прописи
Потребни квалификации:
- Завршено средно техничко образование
- Англиски јазик
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Висок степен на координација и работење со рака / око при употребата на различните алатки и инструменти кои се неопходни во процесот на склопување
- Флексибилност во поглед на работното време
- Желба за дополнително ангажирање заради исполнување на поставените цели и планови за испорака
Вашите апликации ги очекуваме по електронски пат на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.