Во Кочани започна со работа такси компанијата Наше такси, која ќе настојува да биде вистинско освежување во градскиот и меѓуградскиот транспрот на патници.
Возилата ги одликува голем простор за патници како и за нивниот багаж, така што комфорот е гарантиран како на кратки така и на долги релации. Освен во градот Кочани нудиме услуги низ целата држава, како и во странство. Современиот начин на работа на диспечерскиот центар гарантира брза, квалитетна и сигурна услуга, 24 часа на ден.
„Наше такси е создадено за вашиот превоз да биде навремен, безбеден, чист, удобен и по најприфатливи цени. Нашата мисија е да ви го олесниме секојдневието кога е превозот во прашање, сигурни сме дека бројот 13 223 ќе ви стане омилен такси број“, порачуваат од Наше такси.