Зрновци – Општината ќе стипендира студенти и ученици

03 Јан 2022
729 пати

Општина Зрновци објави јавен конкурс за доделување стипендии за новозапишани студенти и студенти кои веќе студираат на

јавните високообразовни институции во РСМ и стипендии за ученици на самохрани родители и ученици на невработени родители од основно и средно образование.
Конкурсот трае до 18. 01. 2022 година.
Апелирам до сите студенти, ученици од средно и основно образование кои ги исполнуваат условите за добивање на стипендија, согасно објавениот Јавен конкурс на веб страната на Општина Зрновци, ( zrnovci.gov.mk) своите апликации да ги достават во предвидениот рок, напиша на својот фб профил, градоначалникот, Борчо Коцев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)