ФИЗИОТЕМА ВИ ОВОЗМОЖУВА ПОДАРОК НОВОГОДИШЕН ВАУЧЕР И БЕСПЛАТЕН ПРВ ПРЕГЛЕД...

15 Дек 2021
2427 пати

Услуги кои ги нудиме:

Физикална терапија е квалификувана интервенција која се фокусира првенствено, но не исклучиво, на ослободување на телото од болка, контрактури, спазми и згрчувања, или пак работи на подобрување на мускулниот тонус и јакнење на мускулатурата како и создавање на правилни обрасци на движење кај деца кои имаат потреба од тоа. Физикалната терапија промовира тип на лекување кој се фокусира на враќање на функцијата на телото и соодветните движења, како и олеснување и адаптација при недостатоци поврзани со повреда на телото или мозокот, или други типови на инвалидност.

viber_image_2021-12-15_11-27-49-313.jpg

Кинезитерапијата, како еден од методите на медицинска рехабилитација, во суштина е неспецифичен функционален облик на лекување што ја користи физичката активност или движење, како основен метод на лекување. Корисните ефекти на кинезитерапијата може да бидат локални и општи. Кинезитерапевтите најчесто користат вежби, спортски и рекреативни активности, кои се спроведуваат во активен циклус на лекување или за превенција.

masage6-281120201121010478.jpg

Мануелна терапија

Мануелната терапија е гранка на физиотерапија која користи мануелни мобилизации или манипулации на меките ткива и зглобовите со цел надминување на дисфункцијата или блокадата. Ефектите се чувствуваат локално, а се одразуваат и по рефлекторен пат на целиот организам. Одлични резултати се постигнуваат скоро кај сите состојби кои го засегаат локомоторниот апарат.

download (1).jpg

Zensegrity

ZENSEGRITY е нова форма на мануелната терапија која целосно е базирана на пациентот. Добивате индивидуална дијагноза и вашиот терапевт ќе работи напорно за да откриете како може да ви помогне. Понекогаш терапевтот ќе работи на области каде воопшто не чувствувате проблеми. Зошто би го сторил тоа?

download (2).jpg

Ако немате светлина во вашиот подрум, што правите? Ја проверувате сијалицата, го проверувате прекинувачот, го проверувате осигурувачот, а можеби дури и кабелот. Понекогаш дури и повеќе од една компонента е оштетена.

Терапијата може да биде непријатна, но ниту едно ткиво нема да биде оштетено. Постои можност за почетно влошување на вашите симптоми, бидејќи вашето тело треба да расчисти сè што вашиот терапевт ослободил.

По третманот препорачуваме:

    вежбајте лесно

    пијте многу течност

    избегнувајте топлина (сауна, топла када, термални ленти-помагала ...) најмалку 12 часа

Кинезиотејпинг

Методот Кинезиотејпинг е дефинирана рехабилитациска техника на која е дизајнирана да го олесни природниот процес на заздравување на телото со истовремено обезбедување на поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, без ограничување на опсегот на движење на телото, како и обезбедување на продолжена мобилизација на меките ткива со што се надополнува и максимизира ефектот на применетата терапија. Техниката на кинезиотејпинг се состои од поставување на самолепливи ленти на делови од телото и се носат неколку дена. Лентите не содржат медикаменти или препарати. Дејствуваат исклучиво преку тоа како се сткаени и начинот на апликација.

 

image_1486538534_62.jpg

 

Терапија со вендузи - капинг

Терапијата со вендузи или капинг, представува традиционален метод на лекување. Популарен е во неколку региони во светот, а како најистакнати се Кина и Блискиот исток. Со помош на чашка која може да биде стаклена, пластична, бамбусова или силиконска, се прави вшмукување на кожата и поткожните ткива. За да се постигне ова се користи пламен, пумпа или загревање на вендузите. Апликацијата може да биде стабилна или лабилна, сува или со пуштање на крв. Капинг терапијата предизвикува силно зголемување на циркулацијата на местото каде што се аплицира, а после терапијата на кожата се забележуваат места со црвенило или модрило кое исчезнува за неколку дена. Влијае на намалување на болката и надминување на мускулноскелетнитедисфунции.

staticheskaya-metodika-banochnogo-massazha.jpg

ГУА ША

Традиционален кинески метод на масажа на стругање или триење на кожата со заоблено сечило, масло и билки. Се користи за ублажување на болката и подобрување на циркулацијата. Масажата предизвикува црвенило или модрило на третираниот дел, кое исчезнува по неколку дена.

guasha0918a.jpg

 

 Проф. Д-р Тоше Крстев

 

viber_image_2021-12-15_11-02-10-881.jpg

 

Ангел Белчовски        

 

viber_image_2021-12-15_11-02-24-701.jpg

Физиотема

Кабинет за физиотерапија, мануелна терапија, кинезитерапија, рехабилитација и масажа

Тел 074 234 578 и 070 469719

Адреса ул. „Браќа Ставреви“ бр. 11

 

 

 

Оценете ја оваа вест
(7 гласови)