ИНТЕНЗИВНИ (ТРИМЕСЕЧНИ ) КУРСЕВИ

04 Ное 2021
246 пати

Центар за англиски јазик English Gate организира интензивни (тримесечни) курсеви по англиски јазик со почетни и напредни нивоа во повеќе степени.

Признаени сертификати според заедничката европска референтна рамка за јазици:

Таа опфаќа најмалку шест степени на познавање на јазикот во различни области.

 

Степен А1 | Почеток
Научете едноставни изрази и реченици, на пример каде живеете и кое е вашето хоби.

Степен А2 | Пренесување едноставни информации
Можете да се разберете на едноставни теми и да ги опишете своите потреби, на пример при купување.

Степен Б1 | Подготвени за секојдневни ситуации
При патување низ Eвропа можете да се снајдете во повеќето ситуации во кои ќе се најдете. Можете да зборувате за лични искуства и за настани и да ги соопштите своите ставови.

Степен Б2 | Убедливи во разговорот
Зборувате спонтано и течно дури и со лица на кои англискиот им е мајчин јазик. Можете да следите комплексни текстови и дискусии и да го искажете своето мислење и за апстрактни теми.

Степен Ц1 | Рутинска комуникација
Не морате воочливо да барате соодветни зборови и флексибилно го користите англискиот јазик во општествениот и професионалниот живот или во образованието. Без проблеми разбирате долги и покомплексни текстови.

Степен Ц2 | Компетентна употреба на јазикот
Разбирате се‘ што ќе прочитате или слушнете. Се изразувате спонтано и течно и можете да разговарате на широк спектар теми.

Повеќе информации на  078/278-402

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)