GHEE – пречистен путер, нов производ на Млекара Јока

28 Јун 2021
287 пати

GHEE е новиот производ на Млекара Јока, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана млечна маст во уникатен производствен процес и како таков, претставува чиста млечна есенција која не соджи ароми, шеќер, сол, бои и конзерванси. Ова e прв македонски пречистен путер, кој се произведува во нашиот современ индустриски погон од најквалитетно кравјо млеко без  адитиви и конзерванси. Со редовно користење на GHEE во исхраната за брзо време ќе ги почуствувате придобивките и позитивното влијание врз вашиот организам, затоа што поседува високо квалитетни нутритивни состојки кои благопријатно делуваат на организмот.

100% ПРИРОДЕН ПРОИЗВОД

GHEE e 100% природен производ кој вистинските љубители на здрава исхрана и здрав начин на живот го препознаваат и го вметнуваат во својата редовна исхрана. Во светски рамки овој производ, веќе долго време се користи како здрава замена за другите масла за готвење, а ние во ЈОКА ја имаме честа први да го произведуваме за македонскиот пазар.

GHEE путерот се карактеризира со висока масленост поради која тој е многу погоден за приготвување на било какви јадења на висока температура. Тој не дозволува зеленчукот да загори, има висока температура на издржливост до 250 степени Ц, а на јадењето му дава посебен деликатесен вкус поради специфичната арома која ја поседува. Сето ова значи дека со употребата на ГИ путерот наместо другите видови масла во кујната, се осигуруваме дека нема да внесеме непотребни радикали и токсини кои во органозмот предизвикуваат канцерогена средина, што е многу значајно посебно во ова време кога е многу важно да го сочуваме нашиот организам во здрава состојба.

СОДРЖИ ВИТАМИНИ И ЕСЕЦИЈАЛНИ МАСНИ КИСЕЛИНИ

GHEE путерот содржи голем број витамини, меѓу кои: A, D, E и K. Тие се заслужни за разградување на мастите во организмот и имаат големо значење за општото здравје на човекот, затоа што имаат директно позитивно влијание врз локомоторниот и имунолошкиот систем. Витаминот Е посебно има позитивно влијание врз изгледот и состојбата на кожата, косата и ноктите, со подмладувачки и освежителен ефект.

Во GHEE путерот соодносот на омега 3 и омега 6 е идеален, 1:1 (како во нашите клетки). Ваквиот сооднос на овие есенцијални масни киселини е клучот за нашето здравје.

Помага во лачење на желудечната киселина со што се олеснува растворувањето на хранливите материи од храната. На тој начин се придонесува во одржување на здрав дигестивен систем и збогатување на цревната флора.

GHEE исто така помага во регулација на притисоците, намалување на лошиот, а зголемување на добриот ХДЛ холестерол. Погоден e за лица што се нетолеранти на протеинот казеин и млечниот шеќер лактоза, затоа што се екстрахираат уште при пороцесот на создавање. Исто така Ги не содржи сол, шеќер, арома или додатни конзерванси. Поволно влијание има и на зглобовите, ги зацврстува коските и го олеснува движењето.

GHEE прочистениот путер има неограничен рок на траење, отпорен е на секакви напади од бактерии, вируси, габи, паразити и не мора да се чува во фрижидер.

ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА

GHEE освен хранливи, поседува и лековити совојства кои влијаат на подобрување на меморијата, јакнење на концентрацијата, подобар  вид, подмачкување на зглобовите, подмладувачки ефект врз кожата, го успорува стареењето и ги прочистува крвните садови. Низата на позитивни својства на ГИ за организмот не завршува тука, затоа ве повикуваме да го пробате ова чудо од путер и да се уверите и самите во неговиот квалитет.

Како може да го набавите GHEE?

Млекара Јока за потребите на новиот производ GHEE креираше специјална веб страна на која ќе може повеќе да се информирате за неговата употреба во исхраната, како и за начинот на кој можете да го набавите пречистениот путер.

Страната на GHEE има можност за он-лајн продажба со што е овозможено лесно и ефикасно нарачување и бесплатна дистрибуција до вашиот дом.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)