ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈЕВ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

12 Авг 2019
470 пати

Од мое лично име и од името на Општина Кочани на сите верници од исламската вероисповед им го честитам

празникот Курбан Бајрам и им посакувам многу здравје, успех и среќа.
Во оваа пригода сакам да истакнам дека духот на толеранцијата, солидарноста, меѓусебното разбирање и почитување се темели врз кои градиме поубава иднина за нашата општина и за сите нејзини граѓани, а празниците нека ни помогнат да ги негуваме и зацврстуваме.
Испраќајќи ви најискрени честитки, ви посакувам во овие празнични денови, вашите домови да бидат исполнети со многу љубов, радост и мир.

Николчо Илијев,
градоначалник на Општина Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.