Турнир во баскет за Деновите на оризот

06 Сеп 2018
247 пати

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2018“ Општина Кочани организира Турнир во баскет,

кој ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 г. и ги повикува заинтересираните баскет екипи да се пријават за учество. Екипите се должни да уплатат котизација од 1 000 денари, да достават име на клубот и список од 4 играчи со броеви на личните карти.Пријавените играчи треба да имаат наполнето 16 години. Уплатата се врши на трезорската сметка: 736014044463010, шифра: 725939. Пријавувањето е до 24 септември, во Едношалтерската канцеларија на - Општина Кочани. Информации на: 071 208 299, Александар Зафиров. Фондот на награди за Баскет турнирот 2018 е: за прво место – 15 000 ден., за второ 10.000 ден. и за трето место – 5.000 ден.  Обезбедени се награди и за најдобар кошаркар и фер плеј тим.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.