„Авто атом“ укинува една линија, Општината ќе ја понуди на други оператори

31 Јул 2018
469 пати

Превозникот „Авто атом“ известува дека од 1 август 2018 година ќе престане да извршува сообраќај на релацијата од селото Оризари преку

Усова Чешма – Бавчалук, спојот на улицата „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија и обратно.
Причината за укинувањето е што оваа релација се покажала како непрофитибилна и неисплатлива за натамошно изведување.
За да го организира општинскиот линиски превоз, Општина Кочани по трет пат јавно ќе ја понуди линијата и ќе понуди предлог-решенија да ја користат и други оператори.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.