Агенција за вработување - Оглас за самовработување со кредитирање ( 7000 евра )

19 Јун 2018
330 пати

Агенцијата за вработување на РМ, на ден 07.06.2018 година објавува:

Ј А В Е Н О Г Л А С

За младите невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис преку Проектот за самовработување со кредитирање. Право на учество имаат сите евидентирани невработени млади лица до 29 години, без оглед на времетраењето на невработеноста, односно невработени лица, активни баратели на работа кои се на евиденција 1 ден пред објавување на јавниот оглас.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:
- за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 1.000 евра на основниот износ од 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра;
-Рок на враќање на средствата е 7 години (84 месеци) односно период на отплата 66 месеци (5,5 години) и грејс период од 18 месеци (1,5 години);
-Каматна стапка од 1% на годишно ниво;
-Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари);
-Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.
Заинтересираните невработени лица барање за кредит можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Република Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30 -те Центри за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02/3111-850 и web страната www.avrm.gov.mk.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.