Кам Маркети – Вработуваме регионален менаџер

11 Мај 2018
273 пати

Трговијата е навистина возбудлива професија...Кам Маркет Кочани бара високомотивирани

соработници и соработнички за позиција Регионален менаџер

Ако имате:
- ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
- Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг, производство)
- Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office.
- Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.

Ако сакате:
- Раководење, организирање, контролирање и едуцирање на персоналот во своите маркети.
- Обезбедување примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата.
- Менаџирање и оптимирање на процесите за проток и продажба на стока во маркетите.
- Спроведување на мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во маркетите.
- Предлагање на мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.

Ние нудиме:
• Прекувремените часови, додатоци, регрес и платен одмор, се плаќаат во рамки на Законот
• Обезбедена обука за работа како и можност за личен и професионален развој за напредување
• Прилика да станете член на тимот кој ќе ги отвори Кам маркетите на пазарот.
Доколку сте заинтересирани пријавете се на нашиот е маил (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) со назнака ,,За Касиер/Ка,, или преку нашата нова интернет страница www.kam.com.mk.
Ве очекуваме.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.